Вниманието од новата концепција за основно образование, сега се префрли на Предлог-законот за учебници со кој се предвидува воведување на дигитални учебници. Дел од родителите се организираат преку Фејсбук група против оваа реформа и најавуваат протести, па и референдум. Додека јавноста е во жестока дебата на оваа тема, терминот „турско ропство“ полека се исфрла од наставата како политички некоректен?
Пишува: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА
Најавената дигитализација на учебниците крена голема прашина во јавноста, а особено меѓу родителите на учениците. Јавноста е поделена и има различни ставови во однос на тоа дали учебниците треба да останат печатени или целосно да се дигитализираат. Но, се чини дека добар дел од родителите се против дигитални учебници.
ТЕРМИНОТ „ТУРСКО РОПСТВО“ СЕ ИСФРЛА ОД НАСТАВАТА?
Додека трае жестоката дебата меѓу оние „за“ и оние „против“ целосна дигитализацијата на учебниците, до „Фокус“ стигнаа одредени информации дека од наставниците се бара да „внимаваат како се изразуваат“ кога интерпретираат одредени историски настани.
Ова се случило за време на обуките кои Министерството за образование ги организира за наставниците „Вовед во новата концепција за основно образование“. Според информациите до кои дојдовме, обучувачите при објаснување на новата концепција искористиле и примери од историски настани, односно како наставниците би требало да им ги објаснат на децата и на што да внимаваат.
Една од работите за кој настанала и расправа меѓу обучувачите и наставниците е османлискиот период. На наставниците им било посочено дека терминот „турско ропство“ не треба да се користи, бидејќи може да навреди одредени етнички групи. Се споменува и интерпретацијата дека Македонија била „дел од Османлиската империја“ (не под ропство), како и дека данокот во крв всушност бил „регрутирање на војска“.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК