И турско семејство настрада од убиецот, Сулејмановиќ убил татко и син

by Фокус

Покрај преносот во живо од убиството на неговата невенчана сопруга Невзета Хеќимовиќ, Нермин Сулејмановиќ во крвавиот пир денеска убил и татко и син, Џенгиз Ондер и Џенгиз Денис, турски државјани кои добро ги познавал, а потоа ранил една жена, која се претпоставува дека е мајката, односно сопругата на убиените.

Во масовното пукање во Градачац, Босна, ранети се еден граѓанин и полицаецот Хусеин Коториќ, кој по укажаната помош во локалната болница е пуштен на домашно лекување.

Сулејмановиќ на социјалните мрежи објави видео, кое подоцна беше избришано, на кое наведува кого убил и што направил.

Според локалните медиуми, животот на мајката и сопругата (54) на убиените татко и син (23) се во опасност. Повредениот граѓанин кој исто така е ранет има повреди на долните екстремитети, но неговиот живот е надвор од животна опасност.

Поврзани новости