Турските власти тврдат дека нема зголемен број заболени од Ковид-19 во туристичките места

by Fokus

Министерството за здравство на Турција ги негираше тврдењата за зголемен број нови случаи на коронавирус во туристичките места.

Нема појава на коронавирус во туристичкте места во Турција. Зголемување на бројот на нови случаи е забележано само во Анкара, Дијарбакир, Газиантеп, Коња и Истанбул, соопшти Министерството за здравство на Турција.

Голем број медиуми јавија вчера дека има појава на коронавирус во турските летувалишта, повикувајќи се на изјава на турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Поврзани новости