65
Турскиот парламент го одобри барањето на Шведска за членство во НАТО.
Шведското барање е испратено до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на конечен потпис, по што ќе биде проследено до американскиот Стејт департмент, пренесува Блумберг.
За да може Шведска да стане полноправна членка на Алијансата, нејзиното барање мора да биде одобрено од унгарскиот парламент. Шведска, заедно со Финска, ја напуштија својата традиционална политика на воена неутралност за да побара заштита под безбедносниот чадор на НАТО по рускиот напад на Украина во февруари 2022 година.
Финска се приклучи на алијансата во април 2023 година и стана 31-ва членка на НАТО, откако турскиот парламент ја ратификуваше кандидатурата на таа земја, пренесува Танјуг.