Турскиот министер Чавушоглу и се закани со војна на Грција

by fokus

Можното грчко проширување на територијалните води долж морската граница спрема Турција би била повод за војна, изјавил турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

– Нема да дозволиме Грција да ги прошири своите територијални води во Егејското море на 12 милји, рекол Чавушоглу.

Ова предупредување следи откако грчкиот премиер Киријакос Мицотакис минатата недела објави дека грчките територијални води во Јонското море, спрема Италија, ќе бидат проширени од шест на 12 милји.

И Турција и Грција имаат шест милји територијални води во Егејското море, каде се наоѓаат голем број грчки острови недалеку од турскиот брег. Грција и Турција, двете членки на НАТО, имаат спор околу турските планови за истражување во Источниот медитеран, за кој се верува дека е богат со нафта и гас.

Поврзани новости