Турски воени авиони го прекршиле грчкиот воздушен простор

by fokus

Турски воени авиони, без претходно да достават план за летање, го прекршиле грчкиот воздушен простор, прелетувајќи три пати над еден остров и над други два острови, објавија грчките медиуми.

Тие коментираат дека Турција го прекршила неформалниот мораториум на прелетувањата за време на големи празници, со оглед на тоа дека во Грција утре се слави Божиќ, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите од Генералштабот на армијата на Грција, на кои се повикуваат медиумите, пар турски воени авиони во 15.34 часот, прелетал над островот Ро на височина од 30 000 стапки. Веднаш потоа, во 16.16 друг пар турски Ф16 прелетал повторно над истиот остров, на двојно помала височина, а седум минути подоцна еден авион прелетал над Стронгили и Кастелоризо и потоа повторно над Ро.

Во сите случаи турските авиони биле препознаени и пресретнати од грчките воени авиони, како што е пракса во ваквите случаи, согласно меѓународните правила.

Поврзани новости