533
Турскиот кошаркар Енес Кантер, кој настапува за Њујорк Никс, нема да патува за Лондон за наредниот натпревар. Причината за негово останување во САД е стравот дека во Британија ќе го убијат.
„Турската влада е опседната со мене. Жал ми е, го сакам Хари Потер и баш сакав да го видам Лондон, но не смеам да ризикувам. Јас не велам дека Ердоган ќе организира акција против мене во Лондон, но постојат многу луди луѓе кои го поддржуваат него. Можеби сум параноичен, но не смеам да ризикувам“, истакна Кантер за Би-Би-Си.