Турски државјанин со лажна лична карта сакал да излезе од Македонија

by Fokus

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен предлог против 19-годишен државјанин на Турција, кој се обидел да излезе од државата на скопскиот аеродром со лажна германска лична карта.

– Обвинетиот, на 25.12.2020 година, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, пред овластени службени лица употребил лажна јавна исправа – германска лична карта на туѓо име, информираат од ОЈО.

Лицето се гони за кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Поврзани новости