656
Јавен обвинител од скопското обвинителство поднесе Обвинителен предлог против турски државјанин за Фалсификување исправа.
„Обвинетиот, на 25 август, при поднесување на барањето за продолжување на дозволата за привремен престој во земјава по основ вработување, употребил како вистинска преправена јавна исправа – турски пасош. Во патната исправа била извршена преправка така што биле заменети оригиналните страници со податоци и фотографија на обвинетиот“, соопшти обвинителството.