2
Три деца нападнале и му нанеле повреди на друго дете во училиште во Струмица.
Од страна на СВР Струмица било поднесено известување од Законот за правда за децата против три деца од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
Имено, на 16 октомври во училница во основно училиште во село Ново Село, пријавените физички нападнале друго дете и му нанеле повреди.