Турски авион бил запрен пред полетување – патниците добиле слики од авионски несреќи

by Fokus

Капетанот на турскиот лет на AnadoluJet го прекина полетувањето на главниот аеродром во Израел откако патниците добија слики од авионска несреќа на нивните телефони.

Израелската авијација соопшти дека авионот полетувал од аеродромот Бен Гурион кога се случил инцидентот.

Патниците и екипажот биле евакуирани, а багажот повторно прегледан.Во авионот имало 160 патници.

Неколку млади Израелци биле идентификувани како осомничени и се сослушани. Авионот тргнал со пет часа задоцнување, откако било одобрено да замине.

Авионот „Боинг 737“ на „Анадолу Џет“, со 160 патници, бил на пат кон позицијата за полетување кога патниците го известиле екипажот дека ги добиле фотографиите. Капетанот бил информиран и решил да се врати на терминалот.

Хебрејскиот информативен сајт Ynet објавил дека сликите биле споделени преку AirDrop, услуга на Apple која им овозможува на корисниците да испраќаат датотеки од еден уред на Apple на друг на кратки растојанија. Сите слики се примени на iPhone-и, се вели.

На сликите имало несреќа на авион на Туркиш ерлајнс кој се урна во Холандија во 2009 година и уште една авионска несреќа во Соединетите држави во 2013 година, соопшти Ynet.

На патниците им било кажано дека можат повторно да се качат на повторно прегледаниот авион, кој се упатил кон Истанбул, или да останат во Израел.

Инцидентот доаѓа две недели по уште едно безбедносно стравување на аеродромот Бен Гурион. Тоа се случи кога едно семејство од САД при чекирање, носеле активна артилериска граната, која планирале да ја однесат дома како сувенир.

Настана општа паника додека патниците бегаа аеродромот, при што едно лице завршило на болничко лекување откако паднал преку подвижната лента во брзање да избега.

Поврзани новости