444
Истанбулската полиција денеска соопшти дека уапсила 46 лица во врска со нападот во централната трговска улица, во кој загинаа шест лица, а меѓу приведените е и Ахлам Албашир, Сиријка која е осомничена дека ја поставила бомбата.
За време на првото сослушување, осомничената жена рече дека била обучена од курдски екстремисти во Сирија и признала дека влегла во Турција преку регионот Африн во северозападна Сирија, соопшти полицијата, пренесе „Ројтерс“.
Во минатото Истанбул беше цел на курдски екстремисти, членови на левичарски организации.