468
Околу еден милион сириски мигранти работат нелегално во Турција за многу ниски плати. Тоа се нагласува во анализа на главната опозициска Народнорепубликанска партија за која информираше нејзиниот заменик претседател Вели Агбаба.
Според него, 20 отсто од нелегално вработените Сиријци се под 15-годшина возраст.
Од почетокот на оваа година 31.185 сириски мигранти добиле дозволи за работа.
– Власта затвора очи за тој проблем поради кој се зголемува невработеноста во државата. Во исто време го користи проблемот за да создаде нетрпеливост меѓу локалното население против сириските мигранти. Иста политика се спроведува и спрема мигрантите од други држави кои се во Турција, додаде тој.