Турнејата продолжува – Зеленски утре со Ердоган

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе отпатува за Турција на средба со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, објави каналот „Хабертурк“.

Како што е наведено, средбата ќе се одржи на иницијатива на турската страна.

Двајцата лидери ќе се сретнат во Истанбул во пресрет на самитот на НАТО во Вилнус, објави претходно турскиот весник „Сабах“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Украинскиот претседател моментално се наоѓа во Бугарија, каде се сретна со бугарскиот премиер Денков.

„Главниот фокус на нашите разговори е безбедноста на нашите земји и на цела наша Европа, одбранбената поддршка и одбранбената соработка. Главниот приоритет е енергијата. И зајакнувањето на нашето единство во Европа“, напиша Зеленски на Телеграм.

Поврзани новости