Крушево е еден од градовите кои се обидуваат да живеат од туризмот преку целата година. Но, пандемијата на корона вирусот му нанесе сериозен удар на ова гратче, кое се надеваше на стотици странски туристи ова лето.
Параглајдеристите беа едни од оние кои беа „сигурни“ секое лето, но опасната зараза на Ковид-19 ги откажа сите натпревари.
„Дефинитивно, туризмот е најпогодена гранка во Крушево. Не знам за точните штети, но подоцна ќе се прават пресметките. Пет меѓународни натпревари за параглајдеризам ни се откажаа, а беа најавени уште неколку кои се стандардни. Крушево требаше да стане главен параглајдеристички центар, угостителските објекти трпат големи штети и уште 20 гранки“, ни изјави градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.
Фото – Сител ТВ
Јорданчо Цветаноски