Еден турист загина, а друг е повреден вчера во напад на ајкула во египетското одморалиште Марса Алам. Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека биле нападнати италијански државјани
Министерството соопшти дека нападот се случил во длабока вода надвор од областа за капење во близина на столбовите во северниот дел на Марса Алам, додавајќи дека пливањето надвор од обележаната зона е забрането.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, ајкула го убила дипломатот на ЕУ Џанлука Ди Џоја (48). Ди Џоја работеше во Европската служба за надворешни работи. Тој го прославувал својот роденден во одморалиштето и во моментот на нападот пливал со својот пријател Џузепе Фапани (69).
Сопругата на Фапани била сведок на се. Таа изјави за локалните медиуми дека нејзиниот сопруг допливал кон Ди Џоја за да се обиде да ја исплаши ајкулата, но ајкулата ги нападнала и двајцата. Сведок на нападот била и сопругата на Ди Џоја.