Туристот кој го издлаби своето име на Колосеумот во Рим моли за прошка

by Fokus

Британскиот турист кој предизвика гнев во јавноста со врежањето на иницијалите во Колосеумот во Рим моли за прошка.

Иван Димитров бил снимен од лут турист додека го врежувал името на својата девојка Хејли Брејси во римската зграда стара 2.000 години, пренесува „Индепендент“.

Снимката од инцидентот набрзо стана вирална пред италијанските карабинери да го пронајдат парот во Бугарија, оваа недела.

Карабинерите рекоа дека Димитров изразил „искрено каење“ за неговите постапки, рече портпаролот на карабинерите, мајорот Роберто Мартина.

Ни кажа дека е многу вознемирен поради тоа што го направил и постојано се извинува за тоа, изјави Мартина за Дејли Мејл.

„Мислам дека тој беше загрижен за последиците од секое судење и му објаснивме дека може да биде затворен од две до пет години и парична казна до 15.000 евра“, рекол мајорот.

„Не го прашавме зошто го направи тоа, тоа ќе го слушне судијата, само му кажавме дека е осомничен и дека е дел од истрагата.

Поврзани новости