Туристичките водичи од земјава се збунети како да постапуваат со гостите од Кина, кои во моментот се во земјава, односно дали да ги реализираат закажаните туристички прошетки или да ги откажат.
-Побаравме одговор од Министерството за здравство за појаснување дали под „Забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници“ се подразбираат и туристички прошетки на групи од странство со локален водич и колкава бројка се смета за јавен собир. Како туристички водичи таквото појаснување ни е важно за да знаеме како да постапуваме во однос на турите што ни се однапред закажани, а се’ уште не се откажани и од водичите се очекува да ги изведат, вели туристички водич за “Фокус”, кој дополнува дека се уште не добил одговор.
Тој посочува случај за гости од Хонг Конг, кои веќе се во земјава.
-Во листата на земји според степенот на ризик објавена од Министерството за здравство, Хонг Конг не е посочен како посебен ентитет, што значи дека гостите се третираат како гости од Кина, што пак значи, од земјата бр.1 на листата според нивото на ризик, односно, со високо ниво на ризик, вели туристичкиот водич.