Туристи се истепале во пекарница во Охрид

by fokus

Туристи во Охрид влегле во физичка пресметка во пекарница во овој град, откако претходно имало вербална расправија помеѓу нив. Од МВР пренесуваат дека прилепчанец и радовишанец се учесници во тепачката.

„На 08.08.2018 година во 15.45 часот во Пoлициската станица Охрид, било пријавено дека во пекара на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид, по вербална расправија, настанала и физичка пресметка помеѓу лицата О.М. (27) од Прилеп, со престојувалиште во Охрид,  и Д.Д. (39) од Радовиш, со престојувалиште во Охрид. Притоа, О.М. се заканувал со дрво , а Д.Д. со нож. Во еден момент О.М. со десната рака го фатил сечивото од ножот и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде бил задржан на лекување“, соопштуваат од МВР.

Поврзани новости