141
Британски турист е пронајден мртов на Кипар откако паднал од балкон на третиот кат на луксузен хотел.
Туристот (45), чиј идентитет не се соопштува, престојувал во хотел во Пафос, на југозападниот брег. Тој престојувал во хотел со група туристи, каде што пиеле до утринските часови на забава.
Неговото тело е пронајдено во главната градина на хотелот во Кукли. Паднал од третиот кат од висина од десет метри.
Полицијата покрена истрага за неговата смрт. Телото на туристот е испратено на обдукција.
Вчера група од 26 туристи беа отруени во познат хотел на Пафос, откако работник за одржување на базенот ги измешал хемикалиите што се користеле за чистење на базенот.
Меѓу повредените има и 14 деца.