Турист седнал да јаде покрај фонтана во Рим- добил казна од 450 евра

by Fokus

Турист од САД е казнет со 450 евра при посетата на Рим затоа што јадел и пиел додека седел на раб на фонтана.

55-годишникот во саботата околу 1 часот по полноќ седнал на работ од фонтаната и почнал да јаде, по што бил запрен од полицијата и казнет поради законите за заштита на спомениците, кои се наменети за одржување на пристоен изглед на градот, пишува CNN.

Фонтаната била изградена помеѓу 1588 и 1589 година од страна на архитектот и скулптор Џакомо дела Порта, а била обновена во 1997 година. Заштитена е со правила кои првпат биле воведени во 1970-тите за да се зачуваат историските фонтани, статуи и други споменици. Ажурираните закони со фокус на одржување на „еколошкиот дизајн“ на градот се во сила од 2019 година.

Правилата, покрај забраната за јадење, вклучуваат и забрана за консумирање алкохолни пијалоци на улица, организирање обиколка и посета на локали со алкохолни пијалоци и капење во градските фонтани.

Локалната полиција соопштила дека извршила повеќе од 300 претреси минатиот викенд. Полицајците можат да изрекуваат казни, па дури и да отстранат луѓе од одредена област во период од 48 часа. Повторените престапници може да добијат забрана до 60 дена.

Поврзани новости