Турист го изрежа своето и името на девојката на Колосеумот – „Не знаев колку е стар споменикот“

by fokus

Туристот од Англија, со бугарско потекло, Иван Димитров (27), обвинет за оштетување на Колосеумот во Рим, тврди дека не бил свесен за староста на античкиот споменик.

Димитров кој работи како фитнес тренер неодамна со клуч го врежа своето име и името на својата девојка на внатрешниот ѕид на 2.000 години стариот Колосеум.

На ѕидот го издлабил натписот „Иван + Хејли 23“. За ова може да добие голема парична казна, а доколку се суди во Италија, може да добие и до пет години затвор.

Младиот човек напишал писмо со извинување до градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, пишува Гардијан.

Полицијата го пронашла Димитров во Англија по пет дена потрага. Во писмото до градоначалникот на Рим, туристот напишал дека дури сега ја сфатил сериозноста на делото што го направил.

-Со ова писмо сакам искрено да им се извинам на Италијанците и на целиот свет затоа што нанесов штета на дело кое, всушност, е наследство на целото човештво. За мене е срамно, за жал дури подоцна дознав колку е стар споменикот, напишал Димитров.

Тој е под истрага за оштетување културен споменик. Доколку биде осуден, ќе се соочи со парична казна од 2.500 до 15.000 евра и затворска казна од две до пет години.

Неговата девојка Хејли не е под истрага. Сепак, италијанските медиуми пишуваат дека таа би можела да се смета за соучесник.

Поврзани новости