Турчин со фалсификувани документи сакал да излезе од Македонија

by fokus

Турски државјанин бил приведен од полициски службеници на  скопскиот аеродром, откако било констатирано дека кај него се пронајдени неколку фалсификувани документи.

„На 05.08.2018 во 08,10 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од Р.С. Македонија, приведен бил C.M.(44) од Турција, кој покажал австриска патна исправа.

По извршениот разговор и увид во патната исправа, соопшти денеска МВР, полицискиот службеник се посомневал во исправноста на документот, односно био страната не била оргинален образец, туку бланко образец со вметнати податоци, а на една од страниците имало два фалсификувани косовски влезен и излезен штембил и еден мкд влезен штембил. При извршен преглед кај истиот биле пронајдени и фалсификувана австриска лична карта. Лицето било предадено на полициски службеници од РЦ за ГР-Север за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Поврзани новости