Турчин со фалсификуван пасош приведен кај Табановце

by fokus

Вчера попладне, кај Граничниот премин Табановце бил приведен турски државјанин, кај кого било констатирано дека неговиот пасош е фалсификуван.

„На 17.06.2019 година во 16.00 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола било констатирано дека патната исправа на О.И.(31) од Турција била фалсификувана. Лицето било приведено во СВР Куманово за понатамошна постапка“, јавуваат од МВР.

- Advertisements -

Поврзани новости