381
Турски државјанин се обидел да мине македонска граница со фалсификувана зелена картна.
„На 17.02.2018 година во 16,15 часот на Граничен премин „Деве Баир“ на влез во Република Македонија се пријавил турскиот државјанин А.Т.(55), кој управувал товарно моторно возило „Мерцедес“ со полуприколка „Фруехауф“ со турска национална ознака, кој на увид доставил зелена карта за осигурување која била фалсификувана“, соопштија од МВР.
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.