Турчин по 16 месеци излезе од карантин откако доби негативен тест за ковид

by Fokus

Турски државјанин помина 16 месеци во постојан карантин бидејќи постојано беше позитивен на коронавирусот.

Станува збор за Музафер Кајасан, пациент што се лекува од леукемија, кој стана познат по тоа дека најдолго имал инфекција со Ковид-19, јавуваат локалните медиуми.

Причината што дури 85 пати бил позитивен на коронавирусот, според лекарите, е слабиот имунолошки систем.

За време на изолацијата немал никакви симптоми.

Бидејќи постојано бил позитивно тестиран, според важечките правила на Турција, тој не можел да излезе од карантин.

Поврзани новости