432
Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ поднеле кривична пријава против турскиот државјанин Е.Ш(34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, информираат од МВР.
„На 26.09.2019 во 22,35 часот Е.Ш. физички нападнал полициска службеничка од Р.Полска, дел од мешовит состав на патрола од Граничната полиција при спроведување на редовни работни задачи во реонот на с.Куртамзали, валандовско“, стои во полицискиот билтен.