Турчин дал 10.000 евра за јаболка на ресенчанец, но останал и без пари и без јаболка

by fokus

Турски државјанин на 7 јануари во СВР Битола пријавил дека ресенчанец го измамил, односно му дал 10.000 евра за транспорт на 44 тони јаболка, но тие никогаш не стигнале во Турција.

-Според пријавата, странскиот државјанин Б.М. преку Фејсбук стапил во контакт со ресенчанецот У.А., бидејќи сакал да увезе јаболка во Турција. Тие оствариле средба во земјава и договориле откуп на 44 тони јаболка, а У.А. побарал од Б.М. да уплати 10.000 долари за да може да го организира транспортот.

Според турскиот државјанин, парите биле однесени во еден дуќан во Капали чаршија во Истанбул, од каде биле информирани претставници на менувачница во Старата чаршија во Скопје од која У.А. ги подигнал парите. Како што пријавил Б.М., У.А. потоа ги исклучил фејсбук-профилот и мобилниот телефон и не бил достапен за контакт, соопшти МВР во полицискиот билтен.

Поврзани новости