Турбо фолк v.s. ракетен систем

by fokus

За да направи споредба меѓу пратениците на власта и опозицијата пратеникот, Крсто Јовановски, едните ги нарече турбо фолк а другите, меѓу кои Крсто Муковски, Владанка Авировиќ и Драган Данев, ракетен систем на денешната собраниска расправа за ребаланс на буџетот. На тоа претседателот на Собранието, Талат Џафери му замери на пратеникот на говорот и рече дека граѓаните ќе го проценат тоа.

Трет ден расправа, а дискусијата се уште се задржува на критики од страна на опозицијата по однос на одлуките за кратење на капиталните инвестиции и високи задолжувања. Опизицијата обвинува дека Владата ја копира претходната власт и побара конзистентност во политичките ставови.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, ги отфрли обвинувањата за високи задолжувања и тоа го објасни на начин за да го сфати и мало дете.

-Не правете манипулации со јавноста. Ќе ви објаснам на наједоноставен начин. Ако некој треба да врати нечии кредит на сума од 500 денари, и за таа цел земе креди од 550 денари, враќа 500 денари, а само 50 денари се задолжува. Зошто има потреба од задолжување? Сега ќе ви кажам. Во јануари 2018 година Македонија ќе треба да врати странски креди што некој друг го земал од 50 милиони евра. Во 2021 година ќе треба да вратиме околу една милијарда евра задолжување. Тоа се две и пол годишни плати на целата државна администрација. Сериозни пари за кои е задолжена Македонија – рече Тевдовски.

Поврзани новости