Тупанчевски за Рашковски на првиот академски час: Може да му судиме само по правосилна пресуда

by Fokus

Екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски денеска за изненадување на јавноста се појави на првиот академски час, а коментарите на социјалните мрежи не стивнуваат.

-Станува збор за мои колеги кои, во различен временски период, биле составен дел од извршната власт. Факт е дека треба да се има спрема секого достоинствен пристап. Единствен критериум за осуда, било каква, е после правосилна судска пресуда. Тогаш би можеле да коментираме за состојбите затоа што само на таков начин може да зборуваме за форматирање на нечија одговорност“, одговори министерот за Правда Никола Тупанчевски на новинарско прашање по завршувањето на првиот академски час на Правниот факултет.

Денеска почна академската година, која по две години онлајн настава поради пандемијата со коронавирусот сега ќе биде со физичко присуство.

 

Поврзани новости