Тупанчевски: Проблемот со сообраќајните деликти е невоедначеноста на казните

by fokus

Коментарите на обвинителите, судиите, па и општата јавност е дека нешто таму не штима и не е во ред за случувањата со сообраќајните деликти. Сите споменуваат дека проблемот е во законот, а како може да биде проблемот таму, кога законот за тешки сообраќајки со смртни последици предвидува казни од четири до 20 години затвор.

Ова  вечерва го изјави министерот за правда Никола Тупанчевски во интервју за МРТ.

Тој посочи дека главната карактеристика на пресудите за сообраќајните деликти се условните казни и додаде дека мора да се консолидираат сите и да се разгледаат решенијата.

-Реален проблем е и невоедначеноста на судските пресуди. Не може за едно исто или слично дело во една апелационо подрачје да се доделуваат големи казни, а во друго само условни казни, рече Тупанчески.

Поврзани новости