Тупанчевски: Не е неважно за министерот за правда што се случува во неговиот дом

by Fokus

Кога постојат избори вклучувајќи ги и овие, тоа говори и за изборот на јавниот обвинител, но и за тие кои го избрале јавниот обвинител, рече денеска министерот за правда Никола Тупанчевски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ во однос на изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

– Ќе бидам брутално искрен и ќе кажам дека не е неважно за министерот за правда што се случува во неговиот дом, практично во рамките ако се земе формата влегуваат и судството и обвинителството, нотарите извршителите итн., посочи Тупанчевски.

Поврзани новости