Тупанчевски ќе предложи привремено решение до нов Закон за здруженија

by Фокус

Формирање ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, ќе предложи на денешната седница на Владата министерот за правда Никола Тупанчевски.

-Мој предлог би било да се формира ад хок тело, меѓуресорско, што ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на којшто ќе се формираат. Во таа насока мислам дека ќе биде намалена можност да се злоупотребуваат одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи – изјави Тупанчевски, одговарајќи на новинарски прашања по повод 21 година од формирањето на Единицата за брзо распоредување.

Министерството за правда на 15-ти овој месец најави состанок на Работната група на кој ќе се дискутира за новиот Закон за здруженија и фондации, откако изминатиот период во јавноста се отвори прашањето за издавањето на дозовли за регистрирање на здруженија со спорни имиња на историски личности.

Поврзани новости