Министерот за правда, Никола Тупанчески не ги коментира информациите дека ќе има негова смена од министерското место за сметка на влезот на Алијансата за Албанците во Владата.
– Дефинитивно она што вие го слушате, го слушам и јас. Немам некоја поконкретна информација. Сведоци сме дека има некакви поместувања, дека тоа се во иницијални преговори и разговори итн.
Она што сакам да потенцирам и посебно да подвлечам е дека ние како Министерство за правда до последен ден, ако има последен ден од мандатот, ќе ја завршуваме и ќе ја вршиме својата функција и своите обврски онака како што сме ги замислиле.
Сепак, тоа станува збор за некој тип на политички контекст, не би сакал јас да го коментирам, рече Тупаневски.
Министерството за правда е едно од местата за коишто се шпекулира дека го бара Алијанса за Албанците во преговорите за влез во Влада како нов коалициски партнер.