Тупанчески не стравува дека ќе ја загуби министерската функција

by Fokus

Министерот за правда Никола Тупанчески не стравува дека ќе ја изгуби министерската функција. Притоа тој додаде дека брзата промена на министри не е најдобро решение.

„Ниту јас како министер ниту Министерството за правда не сме оптоварени од ваквиот развој. Јас реков дека до последниот ден додека сме во Министерството за правда ќе го дадеме својот максимум. Не би сакал да го коментирам политичкиот или партискиот контекст, меѓутоа дефинитивно како Министерство и можеме да се пофалиме со остварените резултати и имаме одредена замисла како да ги заокружиме претходните наши замисли во однос на подобрување на состојбите во правосудството во нашата држава“, рече тој.

 

Поврзани новости