На новинарско прашање на НОВА, доколку намерата е да се биде пример, зошто како пратеничка група СДСМ не се откажале од надоместокот за патните трошоци за изминатите четири месеци, додека да се донесат измените кои ги предлагаат, ТомиславТунтев вели затоа што имаат реални трошоци.
-Релативно е тврдењето дека нашите плати споредени со другите функционери се прилично високи. Јас ви зборувам за месеци кога сме имале над 20 работни денови. Имало месеци кога сме имале и три работни денови. Имало и наши доаѓања кои не сме ги евидентирале. Јас како координатор на пратеничката група имам протоколарни активности. Имаме посети од меѓународни претставници. Ние тогаш не земаме трошоци, а доаѓаме за тоа. Не сме наплатиле ние се што ни следува, бидејќи сме свесни дека одредени активности кои не се поврзани со наша редовна работа во Собранието, дека е наша должност, одговори Тунтев.