Тунтев: Од авион се гледа дека формираа 10 пратенички групи за да не се разреши Зврлевски

by Fokus

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев оценува дека формирање на десет пратенички групи од ВМРО-ДПМНЕ е начин за блокада на Собранието. Според него, ВМРО-ДПМНЕ има право да ги формира пратеничките групи, но не за да ги опструира реформските процеси.

– ВМРО-ДПМНЕ се однесува лицемерно и неодговорно. Ги повикувам да се откажат од несовесниот потег, кој е спротивен на државните и интересите на граѓаните. Ние како парламентарно мнозинство ќе ги преземеме сите мерки за да ги спречиме во намерата. Од авион се гледа дека опструираат, за да не се разреши Марко Зврлевски -рече Тунтев.

Поврзани новости