Тунтев: Не одиме на одмор додека не го разрешиме Зврлевски

by fokus

По ребалансот на буџетот за 2017та година Собранието ќе продолжи да заседава по точката за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски.

Пратениците од парламентарното мнозинство се договорени да не ги користат годишните одмори сѐ додека не заврши расправата по оваа точка, соопшти денеска пратеникот и координатор на СДСМ во Собранието, Томислав Тунтев.

– Ние сме на ставот да не одиме на одмор сѐ додека не се разреши Зврлевски. Конзистентни сме и ветивме дека ќе расправаме и по предлог-законот на опозцијата за менување на јавен обвинител. Ребалансот на буџетот се очекува да заврши до недела по што се очекува претседателот Талат Џафери да ги распише локалните избори – рече Тунтев.

Со пленарните седници Собранието ќе продолжи и викендов со цел да се донесе ребалансот и да се премине на точката за Зврлевски.

Поврзани новости