455
Ние сме денеска овде поскоро да ги започнеме реформите. Ако имам прилика ќе ви кажам како Зврлевски стана јавен обвинител, а се надевам дека ќе нема потреба за тоа, истакна кординаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.
– Што не кажете за притворите, што им ги дававте на невини луѓе. Колку човечки судбини уништивте, колку жени и деца уништивте со сите притвори што ги дадовте. На срце ми лежат уништените судбини и тоа благодарение на Зврлевски. Редно време е час поскоро да го разрешиме – истакна Тунтев.