Тунтев ќе ја замени пратеничката функција со директорска фотелја во АЦВМ?

by fokus

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, ќе го напушти Собранието. Спорeд неофицијални извори Тунтев има намера да ја замени пратеничката функција со фотелја во Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба.

Тунтев не одговори на телефонските повици за да ја потврди или демантира оваа информација, но сигурно е дека тој веќе ги поднел документите и аплицирал за директор на Агенцијата. Платите во АЦВМ, инаку, се движат над 2.000 евра.

Нема одлука кој ќе го замени Тунтев на координативното место во Собрание, но возможно е привремено оваа функција да ја извршуваат заменик координаторите Јован Митрески и Соња Мираковска.

 

Поврзани новости