461
На оваа седница се збори за се освен за точката на дневен ред. Си го трошиме времето, а и парите на граѓаните, рече Томислав Тунтев од СДСМ на денешното продолжение на седницата за разрешување на Марко Зврлевски.
-И покрај тоа што имаме многу да зборуваме за Марко Зврлевски, за стотиците кои неосновано завршија во затвор и за не покренувањето обвиненија, пратениците од СДСМ нема да учестуваат во ваква бесмислена расправа, рече Тунтев.
Сите пратеници од СДСМ кои беа пријавени за збор не се присутни во Собраниската сала.