„Тука го пробав првиот сладолед и полнетите пиперки“, Столтенберг за спомените од детството

by Fokus

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за време на говорот во македонското Собрание, се присети на времето поминато во Скопје како дете, кога татко му бил поставен во Скопје како дел од неговата работа во норвешката амбасада.

Тој рече дека Скопје му вратило прекрасни спомени од времето во младоста кога за првпат го пробал скопскиот сладолед и полнетите пиперки.

„Западен Балкан секогаш ми бил блиску до срцето, затоа што кога бев дете мојот татко работеше во норвешката амбасада во поранешна Југославија. Тука живеевме три години. Тогаш првпат го вкусив мојот прв сладолед, ги јадев моите први полнети пиперки, и ја научив песничката „ринге ринге јаја, дошо чика Паја…“ завршуваше со „чуч“. Имам пријатни спомени од моето детство тука“, рече Столтенберг.

Поврзани новости