Фудбалерите на Баерн Минхен денеска имаат историска шанса да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите, а Томас Тухел на најдобар можен начин да се прости од германскиот клуб.
Од „другата страна на улицата“ е се посилниот Реал Мадрид, кој знае како да ги игра овие натпревари и како да ја освои Лигата на шампионите, но и Томас Тухел знае како да не се изгуби на „Сантијаго Бернабеу“.
Тухел и неговите тимови во досегашната кариера четирипати гостувале кај Реал Мадрид и немале ниту еден пораз, со три нерешени и една победа.
Тоа реми го забележа како тренер на Борусија Дортмунд во сезоната 2016/17 кога беше 2:2.
Потоа се врати како тренер на Пари Сен Жермен, исто така беше 2:2 во сезоната 2019/20.
Потоа дојде редот на Челзи. Прво во шампионската 2020/21 година одигра 1:1 и така стигна до финалето со Сити, а потоа следната сезона славеше со 2:3 во Мадрид, но тоа не му беше доволно да помине, бидејќи загуби на „Стемфорд Бриџ“ – 1:3.
Какви се шансите вечерва од 21 часот да ја продолжи серијата без пораз на Бернабеу?