Адвокатот Владимир Туфегџиќ во емисијата Топ тема на тв Телма вечерва ја отвори темата околу изречените судски забрани, односно колку ќе произведуваат правно дејство бидејќи одземени патни исправи веќе не важат, има луѓе на кои им е одземена старата патна исправа.
„Треба да се вратиме назад неколку години за да дојдеме до причината на ова што денеска ни се случува. Ниту еден граѓанин нема воопшто да размислува за правна постапка туку вниманието му е насочено како да обезбеди документи. За оваа ситуација мора да се обезбеди постапка и Јавното обвинителство е вистинското место за тоа. Обвинителството мора да отвори предистражна постапка по допрен глас“ – истакна Туфегџиќ.
И професорот Денис Прешова рече дека слободата на движење е неприкосновено право.
„Паралелата е сосема на место од аспект на последицата. Неспорно е дека имаме сериозен проблем за почитување на човековите права“, рече тој.
„Имаме задирање во слободата на движење од денеска, правото не е повредено, ќе видиме како ќе биде понатаму докажувањето, што ќе направат властите во врска со тоа, бидејќи очигледно е дека тие ја одбраа цената за неисполнување на Преспанскиот договор, која е преголема о однос на правата и слободите на граѓаните. Ние денеска не го испочитувавме рокот предвиден со точка 10 член 1 од Преспанскиот договор поврзан со делот на техничките рокови поврзан со наведените документи. Сметам дека мерката е несоодветна, односно законските измени кои беа донесени 2021 година и вакво „ан блок“ утврдување на неважност на документи со старото име на државата. Сметам дека не се неопходно и не се пропорционални“ – рече Прешова.