Туфегџиќ: Не ми е јасно како може опозицијата да е против свикување на седница каде би се контролирала работата на Владата

by Fokus

Започната е процедура на собирање потписи за свикување на собраниска седница. Оваа иницијатива е од сите поддржана освен од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Во изборниот законик е јасно регулиран мандатот на пратениците. Во моментов владата има законодавна моќ, но парламентот ја има својата улога на надзор на владата. Од тука е многу важно сите институции да функционираат и да поставивме пракса за во иднина, Се надевам дека Џафери ќе го промени својот став, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Ивана Туфегџиќ, пратеничка во Собранието на РСМ.

Туфегџиќ упати критика до опозицијата која е против свикување на седница, иако тоа е можно во услови на вонредна состојба.

-До сега околу 30 пратеници имаат ставено потпис на оваа иницијатива. Она што за мене е фрапирачки е однесувањето на опозициската партија, бидејќи јас немам слушнато никаде во светот или Европа опозицијата да е против свикување на седница каде што би се контролирала работата на Владата. Уставотворецот предвидува мандатот да продолжува доколку има вонредна состојба. Ние се уште имаме статус на вработени во Собранието и не ми е јасен ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели Туфегџиќ.

Поврзани новости