Опозицијата има право да користи парламентарни механизми за да покаже несогласување со одреден закон, ама ширење на лажни вести, параноја и тензија не помага баш за јавноста да увиди оправданост или неоправданост на нивните постапки во Парламентот, а и воопшто за работењето на Парламентот, напиша на фејсбук пратеничката од СДСМ, Ивана Туфегџиќ.
Таа реагира на информацијата дека дел од амандманите кои ги поднесоа пратеницитеа од ВМРО-ДПМНЕ, биле фрлени во контејнер.
-Амандманите најдени во канта се гледа дека се уредно заведени, веројатно се работи за копии, ама ваквото ширење на вести, не знам поради која причина, најпрвин е непочитување спрема собраниските служби кои цел викенд се на работа за да ги процесираат сите амандмани.
Потребна е барем минимум одговорност кај сите страни и во Собранието и надвор од него, а и максимална почит спрема службите наместо нивно злоупотребување во ширење политичка параноја, напиша Туфегџиќ.