Туфегчиќ: Го поддржав Законот за јазици со две гласања, за третото се изјаснив на пленарната седница

by fokus

Пратеничката на СДСМ и поранешна пленумка, Ивана Туфегчиќ, не сака да ги коментира причините зошто не гласаше вчера за Законот за употреба на јазиците, кој се донесе без амандманска расправа. Туфегчиќ потсетува дека му дала поддршка на Законот во првото и второто читање.

-Јас моето мислење и поддршка по однос на Законот за јазиците го искажував и на говорница и со две гласања. За друго, сметам дека вчера се изјаснив на пленарната седница и оттука не чувствувам потреба дополнително да коментирам – изјави таа за „Фокус“.

Невообичаена пракса е пратениците од владејачката коалиција да гласаат против или воопшто да не гласаат за закони предложени од Владата. Овој пат, во случајот со Законот за употреба на јазиците, тоа се случи со четворица пратеници од коалицијата. Освен Туфегчиќ, за Законот не гласаа ниту Лилијана Поповска, Маја Морачанин и Тања Ковачев.

Од парламентарното мнозинство велат дека пратениците имаат право да гласаат согласно своето убедување.

 

 

Поврзани новости