Туфегчиќ: Четири години државата нема издадено лиценца за лектор, ќе го одблокираме процесот

by fokus

Во собраниска процедура се влезени предлог измени на Законот за употреба на македонскиот јазик кои што предвидуваат одблокирање на процесот за полагање на лекторскиот испит, информираше денеска независната пратеничка, Ивана Туфегчиќ.

„Поради самоволието на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со неспроведливи законски измени, Република Македонија од 2013-та година до денес нема издадено лиценца за лектор, што предизвикува огромна штета врз заштитата и унапредувањето на македонскиот литературен стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Оваа грешка со овие предлог измени денеска ја поправаме и затоа го одблокираме процесот за полагање на лекторскиот испит, и дополнително, ова впрочем е првиот чекор кон заштитата и унапредувањето на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, која што да потсетам, е една од темелните определби на Владата и на парламентатното мнозиство предводено од Социјалдемократскиот сојуз – изјави Туфегчиќ.

Поврзани новости