844
Шенол Ахмети (51), камерман во МТВ, ноќеска ја загуби битката со коронавирусот.
Тој бил хоспитализиран минатата недела, а здравствената состојба му се влошила последните неколку дена поради што бил приклучен на респиратор.
Ахмети е долгогодишен снимател и камерман во МТВ и во јавниот сервис го минува целиот работен век.
Тој е вториот медиумски работник кој е жртва на Ковид 19 во Македонија.
На 1 јуни почина новинарот Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа која работеше за локалната телевизија „Спектра“.