Цветановска 95-та од 98 скијачи на крос кантри во Пекинг

by Fokus

Ана Цветановска, нашата претставничка во нордиско скијање, заврши на 95-тото место во конкуренција на 98 скијачки на денешната трка во Пекинг.

Крос-кантри трката на 10 километри Цветановска ја мина за време од 39:57,7 минути со заостанување од дури 11:51,4 минути зад првопласираната Тересе Јохауг од Норвешка чие време гласеше 28:06,3 минути.

Зад Цветановска се пласираа само претставнички на Аргентина, Унгарија и Грција.

На подиумот освен Јохауг, која освои злато, се искачија и Финките Керту Нисканен и Криста Пармакоски.

URL

Со оваа трка завршија Игрите за Цветановска која претходно требаше да настапи и на трката 7,5 километри слободно плус 7,5 километри скијатлон пред четири дена, но организаторот одлучи лимитиран број спортистки да настапат, а согласно рејтингот на нашата претставничка таа беше меѓу оние кои отпаднаа.

Со оглед на тоа што Дардан Дехари се повреди, од нашите олимпијци останува уште настапот на Ставре Јада на 19-ти во крос-кантри 50 км слободно.

Поврзани новости